Груевски: Новата ера ќе донесе отпис на долговите на социјално згарозените семејства

Од:

Новата ера ќе донесе отпис на долговите на социјално згарозените семејства и до 75 отсто ослободување од плаќање комуналии за семејства со пониски приходи, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вечерва од Берово. Додаде дека на првата седница на новиот совет ќе се направи еднократен отпис на долговите за граѓаните кои живеат во социјален ризик.

– Еднократен отпис на достасани долгови за вода и ѓурбрарина заклучно со 30 септември оваа година. Нудиме 75 отсто ослободување од комуналии, почентата цена на земјиштето е едно евро за семејства со приход меѓу две и три просечни плати, предвидуваме 25 отсто ослободување од комуналии за да може да се користи проектот за надградба на кат или постоечка куќа. Секојдневно нудиме нови проекти на граѓаните, рече Груевски.

Тој посочи дека изборот е очигледен. – Тие се занимаваат со обвинувања, клеветења, црна пропаганда, а ние говори за решенија и за проекти. Тие говорат за воздух, ветер и магла, а ние зборуваме за програма со конкретни рокови и со план за реализација. Помрачувањето силно се чувствува во нашата земја, а ние ја носиме светлината која и треба на нашата земја. Време е, 15- ти е одговорт на помрачувањето, на 15-ти пуштете ја светлината, во ваши раце е одлуката, гордо и достоинствено ќе одберите светлина која и е потребна на нашата земја, потенцираше Груевски.

Кандидатот за градоначалник на Берово од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Атанасов, истакна дека ова не се обични избори, туку одбрана на државата, одбрана од двојазичноста, од населувањето на мигрантите, промена на името.

– Проектите кои сакам да ви ги презентирам оваа вечер се резултат на заедничка соработка токму со вас граѓаните, а проектите и решенијата се ваша потреба и наша обврска да ги оствариме, истакна Атанасов.

Најави изградба на современ градски пазар во вредност од осум милиони денари.

– Ќе изградиме водоснабдителен систем и резервоар во село Двориште со што ќе се реши долгогодишниот проблем со водата. Со проектот кој е во вредност од 15 милиони денари ќе се продолжи целата водоводна мрежа во село Русиново и ќе се изгради резервоар за вода, ќе се прошири канализациската мрежа во Берово и ќе се доизгради атмосферската канализација, рече Атанасов.

Посочи дека ќе го реконструираат патот Владимирово-Мачево, ќе изградат кружна раскрсница на влезот во Берово и на спојката на патот Берово-Струмица. Атанасов најави дека во Берово ќе изградат фудбалско игралиште и стадион со соблекувална во село Русиново.

Вечерва партиски митинг Коалицијата „За подобра Македонија“ ќе одржи во Пехчево и во Делчево.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал