Премиерот Никола Груевски повеќе нема да дава изјави и да одговара на новинарски прашања поврзани со спорот за името со Грција.
Одлуката била донесена откако во Грција неговата изјава околу извештајот на специјалниот пратеник за човекови права на Генералниот секретар на Обединетите Нации, добила “остри и неконструктивни реакции“.
Со цел да не се фокусира спорот за името, но и да не биде злоупотребуван од страна на поединци и политичари кај јужниот сосед, „Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Македонија објавува дека премиерот Груевски во наредните месеци ќе се воздржува од било какви коментари кои се однесуваат на спорот или се од суштинско значење на односите помеѓу двете земји и нема да одговара на прашањата на новинарите на овие теми“.
Груевски на грчкиот премиер му нуди четири термини за меѓусебна средба и изразува подготвеност да откаже било какви претходно закажани активности доколку Самарас има потреба од друг термин.
Премиерот Груевски му нуди на грчкиот премиер Андонис да се одржи меѓусебни средба на 2 август, 15 август, 2 септември, или на 15 септември.
Грчкиот преговарач Адемантиос Василакис, при посетата на медијаторот Метју Нимиц во Атина се заложил дека и владата на Самарас ќе се посвети на преговорите.
Вчера пак, портпаролот на грчкото министерство за надворешни работи, кажа дека Груевски го користи спорот за името само за внатрешна пропагнанда во Македонија.