Груевски: Нека летаат сега, нека глумат еуфорија

Од:

Премиерот Никола Груевски во интервју за Нетпрес изрази задоволство од постигнатиот договор со кој е предвидено учество на СДСМ во владата и негово заминување од функцијата во декември оваа година.

– Овој договор обезбедува еден напредок за државата, обезбедува да останат авроатлантските и европските перспективи, за Република Македонија, што пак носи други свои придобивки, и што е најважно успеавме да го задржиме СДСМ на договорот од 2-ри јуни, а тоа е да се појави на избори, да не бега од избори, туку да се појави и народот да си каже кому му ја дава довербата, а тогаш ќе си каже и зошто ја дава довербата, кога ќе дојде време за тоа.

– Инаку, што се однесува до СДСМ, тие веројатно повторно ќе се обидуваат да креираат некакви помали тензии или поголеми тензии, бидејќи друго и не знаат нешто посебно да работат, тоа стилот на нивното работење, тие секогаш се обидувале преку создавање на некаква криза да дојдат на власт, да се доберат до власта. Така што ние не треба да бидеме изненадени ако и понатаму, можеби не од ваков голем калибар, но некој помал калибар, се обидуваат да го дефокусираат нашето внимание, да се оттргнеме од секојдневните проекти, да ја намалиме динамиката на тие проекти, но ние сето тоа внимателно ќе го следиме, ќе го менаџираме, и нема да дозволиме да така лесно не’ оттргнат од зацртаниот пат на решавање на проблемите на граѓаните, пред се’ решавање на економските проблеми и отворање на нови работни места, работење да се зголеми стандардот, пензиите, платите, сибвенциите на земјоделците, стабилноста на државата, привлекување на инвеститори, рече Груевски.

Според Груевски СДСМ намерно прави еуфорија со договорот за да влијае на гласачите дека ќе победат.

– Битно е да се слави, битно е да се има еуфорија, битно е да се испрати сигнал до гласачите дека нешто се во предност, дека водат, дека ќе победат, дека сега еве нова власт ќе формираат и т.н. Тоа ќе си го кажат граѓаните на 24 април. Тие ќе го дадат својот суд, за сето ова што и се правеше на државата и на целиот народ, бидејќи народот зеложник во сиот овој период. Тие не’ знаат и нас и нив, ме знаат и мене во сиот овој период и во добри времиња и во тешки времиња, кога сме задржале стабилност кога имало најсурови кризи, и во светот и во Европа, некои од нив како што не се паметат, не’ знаат и во добри времиња, кога немало такви кризи, кога сме имале најголеми растови во економијата, не’ знаат во секаква варијанта, и нас и нив. И народот ќе си го каже своето. Нека летаат сега, нека глумат радост, нека глумат еуфорија. Ќе дојде време, работите ќе си дојдат на свое место, рече Груевски.

Би можело да ве интересира

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Апасиев нема да оди на лидерска: Ден на жалост заради двојното убиство, не средба за датум за избори

А1он

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Џафери: Добив материјал со измените на Кривичниот законик, но не од Груевски

Орце Костов