Премиерот Никола Груевски на прес конференција во Владата посочи дека тие не прислушувале, туку Зоран Верушевски во соработка со странски служби и двајца вработени во УБК без знаење на институцијата. Тоа што според оваа конфузна теза за државен удар, според која сите прислушувале со години во Македонија, а само УБК не знаела, тој го правдаше со уште една теза-дека и во посилни и поголеми држави се случувало истото. Според најновото излагање на премиерот, наместо првичниот став дека странска служба ги дала материјалите, сега се оди со тезата дека таа е нарачател, а од овде се давале, со што всушност се нуди оправданост за процесот “Пуч“.
– Се снимало со тактичка опрема, МВР повика експерти од странска компнанија и утврди дека од различни локации непознат сторител врши прислушување со менување на локацијата. Се правела промена на местоположбата, таа опрема ја приклучувале меѓу 12 и 18 часот. Досега не се успеа да ги лоцираат сторителите и истрагата не е завршена.
Анализата укажува дека тие што прислушувале се професионалци од висок калибар. Во изминатиов период Македонија била таргет на снимања од странска служба. За овие материјали се интересирал и Зоран Заев кој е нарачател и финасиер на оваа операција. Директните извршители се уапсени, а за еден од нив судот изрече казна затвор, рече Груевски.
Премирот одговарајќи на новинарски прашања подоцна, кажа дека Заев се приклучил кон средината на 2014 година.
Постапката против Заев била да се спречи да ги објавува материјалите. Ако сакав да го спречам, логично беше да ги прифатам неговите услови. Овде не е игра на Зоран Заев, тој е камиказа, овде улогата е многу поголема.
Дали безбедносниот систем е под сериозна закана? Како и во секоја земја, таква опасност секогаш постои, и најдобар одговор е токму ваков одговор на институциите. Опозицијата сака да не не направи монструми, целта им е да мобилизираат народ кој ќе им поверува, да продолжат со протести и да не киднапира сите нас во тој вртлог, рече Груевски.
Тој призна дека се обратил од обвинителстовото да реагира кога како што рече му се заканувал Зоран Заев, по што биле наложени ПИ мерки и поставени камери во неговиот кабинет.
Тој кажа дека претходно никогаш не снимал никого во кабинетот. Груевски не знае како ПИ мерките се најдоа на Јутјуб и кој ги дал од обвинителството, туку одговори дека ќе имало истрага.
Груевски немаше конкретен одговор-како очекува да верува некој во судскиот систем откако кјавноста дозна како се договараат меѓусебе и како се нарачуваат пресуди.
-Тоа процесот ќе го покаже, одговори премиерот.