(ВИДЕО) Груевски не се појави на судењето, „шамарите“ одложени за мај

Од:

Судењето за „Шамарите во општина Центар“ за кое се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и пратеничката Даниела Рангелова е одложено за 3 мај, бидејќи никој од нив не се појави на днешното закажано рочиште.

Судијката Татјана Михајлова не сакаше да каже зошто тие не се појавиле на судењето. Таа исто така не сакаше да го запише ниту излагањето на обвинителката Фатиме Фатиме која повторно побара да се достават снимките од судењето за кои рече дека експресно биле доставени до Советот на јавните обвинители.

Освен обвинетите, судијката побара на следното рочиште да бидат повикани и градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски, претседавачот на Советот на општината Мирослав Шиповиќ како и другите сведоци.

И покрај барањето на Советот на јавни обвинители да се изземат, на судењето повторно се појавија обвинителките Катица Јанева и Фатиме Фетаи.

Адвокатот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, Никола Додовски по одложеното рочиште за шамарите во Центар рече дека кога нема услови за судење, нема зошто да се појават 15 обвинети на судењето.

– Ако одбраната види дека не постојат услови, нејзина обврска е да ги извести дека нема да има судење, а тие се на располагање во секое време, дури и без покани доаѓаа до сега, рече Додовски.

Според Додовски, не постојат услови за да се одржи главно рочиште затоа што и покрај барањето на Советот на јавни обвинители да се изземат од судењето обвинителките Катица Јанева и Фатиме Фетаи, тие повторно го водат случајот.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

Вреди: Функционери на ДУИ се обидоа по секоја цена да го вратат Никола Груевски на власт и да го ослободат Сашо Мијалков

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче го враќаат Жерновски во раководните структури