Груевски не се откажува од плаќањето по учинок

Од:

Премиерот Никола Груевски најави дека нема да се откаже од проектот „плаќање по учинок“ и дека тој останува на сила.

Според него овој проект е долго подготвуван, добро осмислен и работен заедно со лекарите, и има за цел да им помогне на лекарите кои одговорно и посветено си ја вршат работата. Тој ги охрабри оние кои непрофесионално работат да станат посветени кон работата.

Премиерот рече дека доколку има какви било проблеми со бодувањата Владата е подготвена да разговара за тоа, но не и за барањето да се поништи „плаќањето по учинок“.

За Груевски ова е клучната реформа во здравството и тој како премиер застанува зад реализацијата на проектот. Лекарите за кои кажа дека се политички мотивирани и го користат проектот за да ја дисквалификуваат владината политика во здравсгвото, најави дека ќе ги прими на разговор.

Би можело да ве интересира

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Францускиот премиер поднесе оставка

Алиу: Продолжуваме со инвестиции во здравството – надградба на хибридната сала на Клиника за државна кардиохирургија, единствена од ваков тип во државата и регионот

Макрон одлучи: Себастијан Лекорну е нов премиер на Франција

Горан Наумовски

Собранието на Република Српска гласа за новата влада, премиер e Саво Миниќ

Горан Наумовски

Јужна Кореја: Поранешниот премиер обвинет за поттикнување воена состојба