(ВИДЕО) Груевски не планирал да го апси Заев, оставка не дава

Од:

– Не се спрема апсење на Заев, рече Груевски кој присуствуваше на отворањето нова спортска сала во скопското село Љубанци. Тој не сакаше да одговара на прашања поврзани со содржината на објавените аудоснимки на прес конференција на СДСМ за спрегата меѓу извршната и судската власт и одредени медиуми, како и за наводниот “упад“ на странски служби во безбедносниот систем на Македонија. Тој прашан за коментар за изјавата на поранешниот известувач за Македонија во Европарламентот, Ричард Ховит, дека дел од европратениците се загрижени поради можноста за апсење на претседателот на СДСМ кажа:

– На ова прашање одговорив на мојата прес конференција во средата, на која одговорив на сите прашања на новинарите, до последното, вклучително и на ова така што нема што да додадам – рече Груевски и посочи дека нема да го прифати барањето на Здружението на новинарите на Македонија да даде оставка од функцијата премиер поради обвинувањата од СДСМ дека власта прислушувала повеќе од сто новинари.

Би можело да ве интересира

Организаторите на пучот во Германија купувале оружје и во Хрватска

Горан Наумовски

Пучдемон бара од Општиот суд на ЕУ да му го врати европратеничкиот имунитет за да избегне екстрадицијата во Шпанија

Ана Ололовска

42 илјади евра ќе му плати државата на Верушевски зашто бил неосновано притворен

Васко Маглешов

(ВИДЕО) Судот со двојни аршини: За „Пуч“ дозволи, за 27 април обвинението се оценува без јавноста

Васко Маглешов

Верушевски за душевна болка бара 71 илјади евра од државата зашто бил неосновано уапсен и притворен

Васко Маглешов

ВИДЕО: Ако не чуле обвинителите досега, еве сега нека истражат кој нè местел во „Пуч“, повика Заев

Васко Маглешов