Груевски на мобилен во брз чекор кон судот ги одмина новинарите

Од:

Обвинетиот експремиер Никола Груевски, со 15 минути задоцнување пристигна во кривичниот суд на судењето за предметот „Титаник“ на СЈО. Тој брзаше кон судската зграда и разговараше на мобилниот телефон и не им одговори на прашањата на новинарите кои го чекаа на главниот влез.

На денешното рочиште во судницата треба да се репродуцираат дел од преостанатите 400 необјавени бомби кои се дел од доказната постапка.

Во случајот за изборни измами и злосторничко здружување „Титаник“ обвинети се експремиерот Никола Груевски, ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, актуелниот пратеник Илија Димовски и поранешниот шеф на кабинетот на Груевски, Мартин Протоѓер. Освен нив, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Билјана Бришкоска-Бошковски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се обвинети од СЈО за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во неколку изборни циклуси.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на пресудата за „Титаник“

Рочиштата на Титаник, Ласкарци и Жан Митрев одложени поради самиотот на ОБСЕ

Изборот на нови судии во Апелација, може да ги врати „Ласкарци“, „Титаник“ и „Талир“ од почеток

Првокласно мени од Титаник продадено за 75.000 евра

Горан Наумовски

Во завршните зборови Стефанова ќе каже дека застарело делото „злосторничко здружување“ во „Титаник“

Ново рочиште за „Титаник“: Законските измени го застаруваат делото „злосторничко здружување“

Александар Тодески