Груевски: На 15 октомври со локалните да се одржат и парламентарни избори

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска ја повтори заложбата заедно со локалните избори да се одржат и предвремени парламентарни избори на кои, како што истакна, ВМРО-ДПМНЕ ќе биде победничка партија.

Апелира на 15 октомври, датумот за кој претставниците на политичките партии се согласија да се одржат локалните избори, да се органиизраат предвремени парламентарни избори.

– Претставниците на политичките партии се договорени локалните избори да се одржат на 15 октомври годинава. Се надевам дека СДСМ овој пат нема да промени и отстапи нешто како што тоа знаеше да го прави често во минатото. Кога ќе видат дека губат, па да пролонгираат и да бараат и алиби. И се надевам дека ќе размислат уште еднаш за предвремени парламентарни избори кое беше и останува наше барање со кое ќе се разјаснат многу работи на политичката сцена што се случија по изборите и со кои ќе се даде можност на граѓаните да го кажат својот став за она што го правеше и СДСМ и ВМРО во периодот после изборите, изјави Груевски, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на општина Кисела Вода.

Верувам, додаде, дека работите ќе се одвиваат во добар правец. Петнаесетти октомври е најблискиот рок што СДСМ можеше да го прифати во разговорите и се надевам дека ВМРО-ДПМНЕ како победничка партија на овие парламентарни избори ќе излезе повторно како победничка на локалните, рече Груевски.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски