Груевски: Кризната состојба е за да се регулира неконтролираниот влез на мигранти

Од:

Привремените регулациски мерки на Владата кон мигрантите се во насока на обезбедување поефикасен транзит низ државата, изјави премиерот Никола Груевски со врска со владината одлука за прогласување кризна состојба во регионот на јужната и на северната државна граница поради зголемениот наплив на мигранти.

– Ние имавме една дискусија по прашањето за мигрантите кое е прашање за Европа, не само за Република Македонија. Македонија е транзитен коридор и исклучително важно е како ние ќе се справиме со овој предизвик. Кога го донесовме законот со којшто на мигрантите им дадовме одредени можности, тогаш имаше дневно 500 до 600 мигранти, а по оваа бројка порасна на 800-900, па на илјада, па на 2.000 просечно дневно и сега веќее над 2.500, а се очекува во наредниот период да расте и на три, на четири илјади итн, рече Груевски.

Според него, нивното поминување и транзитирање низ Македонија создава проблеми за самите нив, безбедносни и други проблеми од хуман карактер, рече Груевски.

– Оценивме дека е потребно Владата да преземе одредени привремени регулациони инструменти со кои прво ќе им излезе во пресрет на мигрантите за тие да имаат хуман транспорт низ Република Македонија, што значи мора да биде повеќе контролиран нивниот влез и бројот на луѓе кои влегуваат за да може да им се пружи потребната помош кога ќе влезат во Република Македонија. Во таков голем број државата нема капацитет да им пружи помош, рече Груевски.

Би можело да ве интересира

Седум големи магацини во САД ќе се таканаречени центри за подготовка за депортација на 80.000 мигранти

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Резолуцијата за мигранти е противуставна, забрана на говор како во Третиот Рајх

Стојаноски: Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ поднесоа „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата“ за мигрантите

Кузеска: Контра Резолуцијата е признание на ДПМНЕ-ЗНАМ дека постои договор мигранти за пари

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ признаа договор за мигранти за пари, ја предадоа Македонија!

Горан Наумовски