По еден час пауза од судењето за „Титаник“ за мајчинските обврски на Јанкулоска

Од:

Судијата Осман Шабани, кој е судечки судија во предметот „Титаник“, пред паузата за судењето, ги извести обвинетите и нивните адвокати дека во согласност со судскиот деловник, сите рочишта во судот ќе се одржуваат до 18 часот, со 2 паузи од по 1 час за мајчинските обврски на Гордана Јанкулоска.

Судењата ќе почнуваат во 10 часот, a ќе продолжуваат во 12 и 16 часот со по еден час пауза.

Обвинетите, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески пред паузата рекоа дека грубо им се нарушени човековите права со незаконското прислушување.

Судењето продолжува во 13 часот.

Претходно адвокатите на Груевски го побараа записникот на СЈО за предавање на бомбите од СДСМ.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Кејт Винслет за темната страна на славата по успехот на „Титаник“: Се плашев да заспијам!

А1он

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на пресудата за „Титаник“

Рочиштата на Титаник, Ласкарци и Жан Митрев одложени поради самиотот на ОБСЕ

Изборот на нови судии во Апелација, може да ги врати „Ласкарци“, „Титаник“ и „Талир“ од почеток