Груевски: Ќе работиме на привлекување нови инвеститори во Кавадарци

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и кандидатот за градоначалник на Кавадарци од коалицијата „За подобра Македонија“ Митко Јанчев вечерва ги претставија проектите со кои ја бараат поддршката од кавадарчани за вториот круг од локалните избори закажани за в недела.

– Ќе работиме на привлекување инвеститори, а посебно за инвеститор за фабрика за откупување на вишокот на грозје и претворање на вишокот во алкохолен дестилат, во однос на потребите на пазарот, рече Груевски.

Ни требаат, истакна, градоначалници кои ќе ги пречекаат инвеститорите и ќе им дадат добри можности. Затоа е важно да победиме во Кавадарци за да има уште инвеститори и да растат платите.

Истовремено, потенцира Груевски, Кавадарци и Митко Јанчев ќе овозможат граѓаните да се стекнат со сопствен дом по симболична цена од само евро по квадратен метар. Нудат, како што рече, концепт каде ќе нема неасфалтирана и неосветлена улица и со парк во секое маало.

За во Ваташа најави дека ќе се изгради велосипедска и пешачка патека покрај кејот на реката Луда Мара и од Ваташа до Моклиште.

– Токму во Ваташа ќе имаме и решавање на проблемот со експропријација, со откуп на земјиште до самиот училиштен двор, за да се обезбеди простор за изградба на спортска сала во ОУ Д.А.Габерот. Поради дотраеност и зголемување на пропусната моќ на колекторскиот систем на отпадни води, преку ЈП Комуналец ќе се изврши реконструкција на колекторот кај Ваташа, ќе направиме и доизградба на мостот на реката Луда Мара тука, нагласи Груевски.

Тој имаше средби и со жителите во урбаните заедници „Киро Крстев“ и „Љубаш“. Пред нив се обрати и кандидатот за градоначалник Јанчев, кој исто така се осврна на проектите коишто се планирани за општина Кавадарци.

Би можело да ве интересира

Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер