Груевски: Ќе продолжиме со напорите за воспсоставување дијалог со Грција

Од:

Ќе направиме се што е во наша моќ да дојдеме до дијалог. Нашата борба е прво за дијалог па за решение, бидејќи за да се дојде до решение потребен е дијалог, а за дијалог гледате што се случува од другата страна, изјави денеска премиерот Никола Груевски.

Премиерот не сакаше да го коментира одговорот на писмото на грчкиот премиер Андонис Самарас, но истакна дека Македонија ќе направи се што е во нејзина моќ да се дојде до дијалог со Грција во разговорите за името.

– Мислам дека е подобро да не го коментирам од причина што, што и да кажам ние пак ќе бидеме виновни. Јавноста нека суди. Секој мој коментар може да биде повод за нови обвинувања и вадења од контекст. Гледам сега дека медиумите им се криви. Што и да кажам ќе биде протолкувано дека сме ние некакви националисти, немаме добри намери, немаме добра волја, така што би се воздржал од било каков коментар, изјави премиерот Никола Груевски.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски