Груевски ќе направи увид во градежните работи на ПЕТ-Центарот

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски денеска ќе направи увид во градежните работи за изградба на Центарот за позитронска емисиона томографија – ПЕТ-Центар, во кругот на Градската општа болница „8 Септември“ – Скопје.

Изградбата на ПЕТ-Центар почна на 7 ноември 2013 година. ПЕТ-Центарот е инвестиција вредна околу 380 милиони денари, а го гради австриската компнаија „Штрабаг АГ“. Се очекува ПЕТ-центарот да почне да работи во 2015 година.

Објектот е проектиран како современ здравствен објект во кој ќе биде вградена најсовремена опрема за радиофармација, радиопротекција и дијагностика.

Позитронска емисиона томографија (ПЕТ) претставува нуклеарно медицинска визуализациска техника со која се добива тродимензионално прикажување и мапирање на функционалните процеси во телото. Воедно, претставува нов чекор во евалуацијата на функционалните и малигните метаболни промени во организмот на пациентите, а се користи во областа на онкологијата, хематологијата, кардиологијата и неврологијата, а во поново време во детската патологија и при инфекции и инфламации со непознато потекло.

Би можело да ве интересира

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Францускиот премиер поднесе оставка

Алиу: Продолжуваме со инвестиции во здравството – надградба на хибридната сала на Клиника за државна кардиохирургија, единствена од ваков тип во државата и регионот

Макрон одлучи: Себастијан Лекорну е нов премиер на Франција

Горан Наумовски

Собранието на Република Српска гласа за новата влада, премиер e Саво Миниќ

Горан Наумовски

Јужна Кореја: Поранешниот премиер обвинет за поттикнување воена состојба