Груевски: Јужниот сосед бара, уценува и инсистира да го смениме името на државата

Од:

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ вечерва во Центарот за култура „АСНОМ“ одржа трибина со граѓаните во Гостивар.

Со потсетување на реализираните проекти и најава за нови реформи во повеќе области, пред присутните се обрати премиерот Никола Груевски.

За наредната година тој најави зголемување на пензиите, на социјалната помош и на платите во јавната администрација.

„Од октомври наредната година ќе дојде до зголемување на платите во јавната администрација, а од март зголемување на пензиите и социјалната помош, исто така за 5 проценти. Подготвуваме и нов Закон за администрација, со цел да им дадеме предност и можности на најдобрите да бидат застапени во што поголем број во администрацијата”, нагласи Груевски.

Тој во своето излагање се осврна и на политиката на намалување на даноците, со што, како што напомена, биле направени големи подобрувања на даночната политика, зборуваше за реформите што се спроведени во земјоделството, во здравството и во образованието, како и надминувањето на проблемите со невработеноста во Македонија.

„Со подобрување на нашата деловна клима успеавме да дојдеме од околу 38,7 отсто невработеност, кога дојдовме во Владата, на 28,8, што е за десет проценти намалување во овој период. Јас сум убеден дека тоа намалување ќе беше уште поголемо да не беше светската и европска економска криза”, нагласи тој.

Во своето излагање премиерот се осврна и на членството во НАТО и во ЕУ, како и на спорот за името што Република Македонија го има со соседна Грција.

„Јужниот сосед бара, уценува и инсистира да го смениме името на државата, Република Македонија. Се бара комплетна промена на името и надвор и внатре, во Уставот, а на тој начин и во личните документи. Истовремено, на некој начин се бара комплетно редефинирање на идентитетот на еден народ, нешто за што од вас граѓаните немаме добиено мандат да направиме”, рече Груевски.

Министерот за здравство, Никола Тодоров, пак, се задржа на крупните реформи направени во здравството.

Според него, преку набавката на нова опрема, со реконструкцијата или изградбата на нови здравствени објекти, со набавката на нови амбулантни возила и намалувањето на цената на лековите, Владата го подобрила здравствениот систем во земјата.

Г.М.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања