Груевски и Јанакиески не добија цедеа со бомбите, експремиерот изреволтиран што секој ден е на суд

Од:

Експремиерот Никола Груевски и ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески не ги добија цедињата со бомбите кои се доказ во предметот „ТНТ“. Судот го повлече задолжението СЈО да им ги достави цедеата со бомбите и смс пораките.

Груевски му се развика на судијата: „Секој ден сме на рочишта. Не е фер судењето. Кога да ги слушаме бомбите? Не сме ние виновни што нема слободна судница“ му рече Груевски на судијата Ставрев.

„А за Заев може да се одлага судењето. Секој ден сме на судење. Ова е фарса, малтретирање…“ му рече Груевски на судијата.

„На Заев му закажувате на 2 месеца, мене на 3 дена. Не е хумано во 3 дена 5 судења“, се пожали Миле Јанакиески. Тој истакна дека во случајот „Траекторија“ има 300 бомби за слушање. Цела држава ги има бомбите само ние ги немаме, му се развика Јанакиески на судијата.

„Имаме над 2000 разговори и 10 илјади смс пораки“ рече Јанакиески

Груевски побара од судијата да ја каже одлуката ако веќе е донесена. „Сакам да ни дадете објаснување зошто го задолживте судот да ги достави бомбите па го повлековте задолжението“, рече Груевски. Судијата му рече дека во бомбите може има приватни разговори кои може да протечат во јавноста.

Следно рочиште е закажано за 15 февруари.

В.Маглешов

Би можело да ве интересира

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

Условна казна затвор од две години доби напаѓачот на градоначалничката Данела Арсовска

Насилникот кој истепа две деца на натпреварот меѓу „Шкупи“ и „Брегалница“ во судница побара симултан превод

САД: Судијата го отфрли барањето на Ријад за поддршка на киднаперите од 11 септември 2001 година