Груевски и Јанкулоска договарале изработка на пасоши за изборите во 2011

Од:

Денешното рочиште за „Титаник“ продолжи со читање на СМС пораки. Најголем дел од СМС пораките што се презентираат во судница се меѓу обвинетиот експремиер Никола Груевски и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Пораките се однесуваат на организирање на гласачи од дијаспората за изборите во 2011 година.

Од СМС комуникацијата се гледа како била договарана изработка на пасоши и регрутирање гласачи и кандидати преку дипломатските претставништва во странство, но и активности за организирање гласачи во институциите.

– Јас гарантирам дека за сите лица за кои МНР ќе достави податоци пасош ќе биде направен за 24 часа. Во нашиот дел гарантирам дека нема да има проблем.

За делот од МНР задолжен е Антонио Милошоски, му вели Јанкулоска на Груевски.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на пресудата за „Титаник“

Рочиштата на Титаник, Ласкарци и Жан Митрев одложени поради самиотот на ОБСЕ

Изборот на нови судии во Апелација, може да ги врати „Ласкарци“, „Титаник“ и „Талир“ од почеток

Првокласно мени од Титаник продадено за 75.000 евра

Горан Наумовски

Во завршните зборови Стефанова ќе каже дека застарело делото „злосторничко здружување“ во „Титаник“

Ново рочиште за „Титаник“: Законските измени го застаруваат делото „злосторничко здружување“

Александар Тодески