Груевски – Ховит: Препораката на ЕК дополнителна мотивација за реформи

Од:

Претседателот на Владата Никола Груевски денеска се сретна со специјалниот известувач на Европскиот парламент за Република Македонија Ричард Ховит.

Како што соопшти владината прес-служба, на средбата се разговараше за европската интеграција на Република Македонија.

Двајцата соговорници го истакнаа задоволството од високите оценки кои Европската комисија ги наведе за напредокот на нашата земја во евроинтегративниот процес и за констатациите за позитивните придвижувања во општествените сфери.

Премиерот Груевски се заблагодари за личното залагање и придонесот на Ховит за промоција на интересот на нашата земја и на принципиелната поддршка и конкретен придонес кои Европскиот парламент ги дава на Република Македонија.

Премиерот ги истакна реформите кои се спроведуваат за унапредување на условите за задоволување на потребите на граѓаните и достигнување на европските стандарди, ја нагласи јасната посветеност на Владата за натамошно динамизирање и интензивирање на реформските процеси во следниот период за што постојат конкретни планови и програми.

Беше потенцирано дека вреднувањето на препораката на Европската комисија за определување датум за почеток на преговори за членство на Република Македонија во ЕУ на претстојниот самит на Унијата ќе претставува дополнителна мотивација за засилување на реформите и за надминување на сите останати прашања кои имаат влијание на интегративниот пат.

Двајцата соговорници истакнаа дека и во идниот период ќе продолжи процесот на соработка и комуникација во насока на остварување на поволни резултати за Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Не можеме вечно да чекаме за членство во ЕУ

Кошта: Усвојувањето на уставните измени останува единствен начин за почнување на пристапните преговори

Членот на обезбедувањето на премиерот доби условна казна за тепањето на сопругата

А1он

Кнајсл: ЕУ нема да може да се договори кој ќе преговара со Русија

Кремљ ѝ порачува на ЕУ: Ги преминавте сите црвени линии

Петрова: Бугарските услови остануваат дел од патот на Македонија кон ЕУ