Останува на секој граѓанин да си процени како ќе се однесува со едно такво дрско и недостоинствено однесување од страна на Грција со лепењето налепници на регистарските таблички на возилата од Македонија, истакна премиерот Никола Груевски.
„Секој ќе си постапи според своите мерила и размислувања. Тоа е од една страна, но од друга страна не ме изненадува Грците да почнат да им лепат и на чело на нашите граѓани по една таква налепница. Луѓето како да даваат се што е во нивна моќ да не доаѓаат туристи од Македонија во Грција“, рече премиерот Груевски.
Како Владата, додаде Груевски, имавме реакција, дадовме протестна нота, но од другата страна ни беше одговорено дека тоа е дел од Спогодбата од 1995 година потпишана од СДСМ во тоа време за која кажуваа дека ќе биде само два месеци БЈРМ и после ќе се смени, меѓутоа гледаме дека последиците се уште траат.