Груевски: Европа испраќа абер дека ќе ја извади ДУИ од Владата ако не попуштиме за името

Од:

Премиерот Никола Груевски во интервју за Дневник вели дека  Македонија е под притисок , бидејќи во земјата нема единство околу спорот со името.

– Да, ни праќаат абери дека ДУИ може во секој момент да ја извадат од Владата ако така решат и со тоа Владата да падне“ вели Груевски за Дневник и додава дека е подготвен за секое сценарио. Не ја исклучува можноста да биде одземена и препораката за старт на преговорите.

– Ништо не можам да исклучам. Се што доделуваат може и да го одземат. Само душата не можат да ни ја земат,  вели Груевски.

– разбирам како СДСМ може да постави вакво прашање кога не цела Македонија, туку цел свет знае зошто Македонија не влезе во НАТО и не доби датум за почеток на преговорите со ЕУ. Единствена причина е што не прифативме промена на идентитетот на Македонците и на името на државата, а и таа промена да е по мера, да не речам по избор на Грција, истовремено одбегнуваат преговори и очекуваат се да биде како што тие бараат. Еве, ако ме повикуваат да одговорам – ова е одговорот, иако тие добро го знаат. Блокадата во Букурешт во 2008 година заедно ја преживеавме кога со нивниот татко по ДНK, Бранко Црвенковски, бевме таму и двајцата дадовме речиси идентични изјави.

– Тоа што СДСМ потоа се престрои и се извлече од одговорноста е друго прашање. Но во целиот период потоа ние ги исполнувавме сите потребни критериуми, реформи и очекуван напредок, освен еден: оној што го бара Грција. Притоа секоја година добивавме позитивен извештај од ЕУ и препорака на ЕK до ЕС за доделување датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Истото е и со НАТО и таму за членство недостига само согласност од Грција.

– Навистина не сакам да звучи ова како некакво алиби, никогаш не сум бегал од преземање одговорност, но тоа е факт и не можам да измислам некој друг одговор, освен да ја кажам вистината. Знам дека новиот претседател на СДСМ, Зоран Заев, има поинаков став за ова прашање, знам дека уште пред неколку години тој јавно се произнесе со изјавата дека треба да го свиткаме грбот и немам против кој како сака да размислува, но таа негова изјава воопшто не ни помага во борбата да се дојде до решение, кое, освен за Грција, би било прифатливо и за мнозинството Македонци и граѓани на Република Македонија, вели Груевски во интервјуто за Дневник.

Би можело да ве интересира

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Џафери: Добив материјал со измените на Кривичниот законик, но не од Груевски

Орце Костов

Мицкоски: Преписката со Груевски не ме прави среќен, но нема да прифатам валкани сценарија за промена на Уставот

А1он