Груевски два месеца во бегство, се уште непознато дали некој му помогнал да избега

Од:

Експермиерот Никола Груевски, најпознатиот македонски азилант во Унгарија, втор месец е во бегство. Судскиот курир пред 2 месеца, поточно на 9 ноември 2018 година трипати се обиде, но не можеше да го пронајде поранешниот премиер на адресата од неговата лична карта. На веб-страницата на Министерството за внатрешни работи, 48 годишниот Груевски сè уште е последниот кој државата огласила дека бара со меѓународна потерница.

Граѓаните во Македонија втор месец не знаат како и кога точно Груевски ја напуштил зејмава. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски лани изјави дека е познато само оти Груевски не избегал легално преку граничните премини и по воздушен пат. Истото го повтори и државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. Обвинителката Вилма Рускоска во интервју рече дека од досегашниот тек на предистрагата има ненамерни пропусти на институциите за бегството на експремиерот.

Последната објава на социјалната мрежа „Фејсбук“ на Груевски е од 20 ноември, кога објави дека добил азил од Унгарија. Унгарски новинар се обиде да му земе изјава, откако го затекна Груевски во ресторан во Будимпешта, но не успеа. Во меѓувреме Груевски во Унгарија го посети неговиот сопартиец Александар Трајковски, обвинет во предметот „Насилство“ на СЈО.

Лани унгарската опозиција во заедничко писмо пратено до Собранието побара да му биде укинат азилот на Груевски и да биде екстрадиран во Скопје. „Социјалистичката партија“, „Дијалог за Унгарија“ и „Демократска коалиција“ ја предупредија Владата на премиерот Виктор Орбан, дека не го претставува само унгарскиот народ, туку и сите граѓани на Европската Унија.

Во меѓувреме, СЈО побара и доби притвор од судот за Груевски за сите случаи што ги води. Барањето за екстрадиција на Груевски на Министерството за правда е испратено уште лани, но досега нема повратна информациај од унгарските власти.

Би можело да ве интересира

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Палевски бегал во Турција истиот ден кога МВР ги приведе петмината осомничени за грабнување на Вања

Александар Тодески

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

(ВИДЕО) Комбе полно со мигранти бегајќи од полицијата пропадна во канал во Велес

Орце Костов