Груевски: ДУИ изгуби гласови поради политиката на нивните функционери и поради Сорос

Од:

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски во интервју за косовскиот “Газета Експрес“ најавува дека ќе се обиде да создаде коалиција со ДУИ, но ако постојат услови за такво нешто.

Тој на прашањето зошто ДУИ изгуби многу од албанските гласови, одговара дека тоа е поради неколку причини помеѓу кои “медиумската пропаганда подржана од Сорос, а насочена против ДУИ, политиката која ја воделе нивните функционери како поради тоа што ДУИ повеќе се фокусирала на национални отколку на граѓански прашања.

„Кога ќе се соочат со незадоволството на албанските граѓани за нерешените прашања, многу албански политичари во Македонија ја обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ. Јас не зборувам напразно, ова во приватни разговори го имам слушнато од некои од нив. Тие не се подобруваат себеси и своите активности, но обвинуваат некој друг. Тоа не е слабост само на ДУИ, туку на сите албански партии“, изјави Никола Груевски за косовски „Експрес“.

За условите на ДУИ за формирање нова влада, Груевски вели дека нема ниту една земја во регионот, а можеби и во Европа, што им дала поголеми права на етничките заедници како Македонија. Двојазичноста со себе и носи промена на Уставот што според Груевски не е реално и објективно и може да донесе проблеми.

Во однос на условот да се продолжи мандатот на СЈО, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека за тоа потребна е согласност од сите четири партии потписнички, а ВМРО-ДПМНЕ веќе се изјаснила дека нема да дозволи такво нешто.

Би можело да ве интересира

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

Адеми: Извештајот на ЕК укажува на застој во реформите и слаб институционален капацитет

ДУИ на 20 декември во Скопје ќе одржи партиски конгрес

А1он

Адеми: Пораката на ЕУ е недвосмислена, Македонија не е подготвена за интеграција во европскиот внатрешен пазар

Горан Наумовски