Груевски: Дополнителни 80 милиони денари за набавка на лекови на рецепт

Од:

За дополнителни 80 милиони денари Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување од 1 септември ќе ги зголемат средствата за набавка на лекови на рецепт.

– Во овој момент 742 аптеки имаат искористеност на квотите од 90 проценти, што значи дека постои видлива потреба за зголемување на квотите. Од тие причини, за последните четири месеци од годинава Министерството за здравство ќе обезбеди дополнителни 80 милиони денари за набавка на лекови на рецепт, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНе Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање по почетокот на изградбата на гасоводот на делницата Штип-Неготино.

Ова како тренд, додаде тој, ќе продолжи и во следната година, така што од 1,250 милијарда денари колку што се одвојувало во 2006 година сега, со овие дополнителни 80 милиони денари, ќе се издвојуваат вкупно 2,550 милијарди денари.

– Тоа значи повеќе од двојно средства се даваат за лекови на рецепт кои се најзначајни за граѓаните. Тоа укажува на една посебна грижа и посветеност во делот на добивање вакви лекови коишто им се најпотребни на граѓаните, истакна Груевски.

Потсети дека во овие години имало и девет пати намалување на цените на лековите.

Би можело да ве интересира

Во болница во Куманово донесено десетмесечно бебе затруено со лекови

А1он

Трамп: Ќе ги намалиме цените на лековите за 1.500 отсто

Бебе од Отља се затру со лекови

Вреди: Функционери на ДУИ се обидоа по секоја цена да го вратат Никола Груевски на власт и да го ослободат Сашо Мијалков

Мицкоски: Дел од функционерите на поранешната владина коалиција во Будимпешта се среќавале со Груевски

Два лека од оние што недостасуваа пристигнаа на Онкологија