Груевски: Додека ме држи последниот атом од силата ќе го остварам тоа што сум го ветил

Од:

Македонија не е ослободена ниту пак изградена од страв, напротив од сопствени залагања, од сопствени сили, сопствен труд, сопствени жртви и силен стремеж за слобода. Победата, слободата, напредокот, развојот и успехот е нашата финална цел, а до неа се доаѓа со почитување и спроведување на основните вредности, со стратегија и тактика, но и со оператива и со многу труд и работа, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во обраќањето на традиционалната Илинденска средба што се одржа во потпелистерското село Трново.

– Лесно е да седиш, отстрана и да набљудуваш, уште полесно е да критикуваш и да бидеш деструктивен, да плукаш по се што се прави, создава и гради, само да зборуваш, а ништо да не правиш, и тоа го знае мнозинството од овој народ. Јас знам дека местото на политичарот е помеѓу народот, на секоја педа македонска земја, на секоја улица, во секој град и село со народот и со неговите проблеми и не само кога е лесно туку и кога е тешко, кога има мака и кога треба да му се помогне и да му се помогне, посочи Груевски.

Тој додаде дека секоја неискрена критика, лага и манипулација која ја сервираат, како што вели, неработниците и интригантите завршува во првиот момент од нивното зачекорување меѓу народот.

– Го чувствувам презирот со кој стотиците илјади луѓе со кои се среќавам низ целата држава го имаат кон секој оној кој со кодошлак, со страничен елемент, со неработа и со критика само заради критика, а без суштина сака да оствари своја лична теснограда цел на штета на интересот на државата Македонија, вели Груевски.

Пред учесниците на сенародниот собир во Трново, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вети уште поинтензивна работа, прогами и стратегии од интерес на граѓаните.

– Јас на овој празник ветувам дека додека ме држи последниот атом од силата ќе работам за да остварам што поголем број ветувања што сум ги дал, ќе решиме што поголем број проблеми, ќе направиме што поголем број проекти и дела, успеси за Македонија, за секој нејзин поединец, за народот. Народот е силата што ја создава државата и кој ја брани и развива таа држава. Народот е господар и така ќе биде се додека постои ВМРО затоа што ВМРО е Македонија, ВМРО е дијаспората, ВМРО е историјата и ВМРО е иднината, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Вооружен грабеж на банка во Илинден, одземена е голема сума на пари

Александар Тодески

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Џафери: Добив материјал со измените на Кривичниот законик, но не од Груевски

Орце Костов