Груевски до Бан Ки Мун: Динамизирани разговори или почитување на одлуката од Хаг

Од:

„Македонија е подготвена за продолжување на динамизирани разговори за изнаоѓање заемно прифатливо решение за спорот со името, во случај Грција во блиско време да може да најде простор за разговори и одлука, а ако тоа не го стори, потребно е да се деблокираат процесите преку почитување на одлуката на Меѓународниот суд на правдата во Хаг и Времената спогодба од 1995 година, му порачал премиерот Никола Груевски, на Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун.

Премиерот Груевски, осврнувајќи се на пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, како орган на ОН, констатирал неопходност од почитување на владеењето на правото, подеднакво од сите и без ексклузивитет и апелираше за доследно вреднување на одлуката на Меѓународниот суд на правдата, од страна на земјите членки на Обединетите нации.

Тој истакнал дека непочитување на пресудата на Судот во Хаг е непочитување на Обединетите нации, кои се основачи на Судот, и апелирал до Генералниот секретар да вложи напор да го одбрани кредибилитетот на Судот, а со тоа и на Обединетите нации, њсоопшти владината прес служба.

„И покрај различните идеи, како на пример барање за нов прием на Република Македонија под уставно име во Обединетите нации, или отворање на нова постапка пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг, но и на користење на други форми и механизми на Обединетите нации, премиерот Груевски истакна дека негов фокус засега се активности за што е можно побрзо изнаоѓање на решение на овој децениски спор со посредство на Обединетите нации, за што се неопходни волја и одлучност и на Грција, кои засега отсуствуваат“, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски