Груевски: Бранко се плаши од немањето поддршка од народот и крајот на својата кариера

Од:

Инсистирањето на СДСМ за одржување на парламентарни заедно со локалните избори е обид на Бранко Црвенковски за избегнување негово лично соочување со нов неуспех на локалните избори и со крајот на неговата политичка кариера изјави премиерот Никола Груевски.

– Посакуваме и повикуваме опозицијата да си се врати во Парламентот, таму каде што и е местото, таму каде што треба да има дијалог и треба да се решаваат проблемите. Да седнеме и да разговараме да најдеме решение  за сите проблеми, но низ дијалог, а не со тепачки, боксови, кршење чаши и не со тегнење и кинење на миркофоните, со закани, навреди, клевети и тн, како што доликува во секоја демократска земја.

– Да се врати во Парламентот и секако да си излезат  на локалните избори, да не бегаат од локални избори. Јас на почетокот кажав дека овој обид што го направи Бранко Црвенковски практично е обид, за избегнување негово лично соочување со нов неуспех на локалните избори, со нов пораз на СДСМ, негов личен пораз со кој тој лично потоа нема да знае што да прави.

– И затоа го втурна и СДСМ во едно вакво сценарио. За жал, ја втурна и целата држава и тоа ќе биде спречено. Тој вели ќе одиме до крај ама всушност ќе дојде до крајот на својот политички ангажман односно на својата политичка кариера.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?