А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Груевски бара да не оди в затвор бидејќи бил неопходен во Собрание

by А1он29/10/2018 - 18:2229/10/2018 - 18:27332
Share0

Експремиерот Никола Груевски бара одложување на двегодишната затворска казна за набавката на луксузниот „мерцедес“.

Добивај вести на вибер

За молбата адвокатскиот тим на Груевски да не оди во затвор, судијата за извршување на санкции има рок од три дена да одлучи дали ќе ги уважат наводите во молбата и ќе го одложат заминувањето на Груевски во затвор.

Ова адвокатите го образложуваат со неопходноста Никола Груевски да го заврши пратеничкиот мандат. Во членот 89, став 1, точка 4 од Законот за извршување санкции меѓу причините за одложување на издржување на затворската казна стои: Ако осуденото лице е обврзано да изврши одредена работа што веќе ја започнало, а поради неизвршувањето на таа работа би настапила позначителна штета.

Прашање е каква штета може да настапи, кога, доколку се погледне Извештајот за работата на пратениците, Никола Груевски за речиси две години, само неколку пати се појавил во собраниската сала. Еднаш при обраќањето на Столтенберг, при гласањето за Законот за јазици кога предизвика инцидент и ја истури чашата врз списите на претседателот на Соббранието Талат Џафери, при отворањето на постапката за измени на Уставот поради што бараше и одложување на судско рочиште и кога се гласаше за започнување на процесот.

Во периодот од јануари до јуни 2018 година само три пати присуствувал на седници, има 31 оправдано и 21 неоправдано отсуство и само еднаш дискутирал, ниту еднаш на работно тело и гласал само еднаш.

Од јули до декември 2017 година Груевски само еднаш дошол во Собранието, има 68 оправдани и 9 неоправдани изостаноци, ниту еднаш не се јавил за збор на седница и работно тело, и ниту еднаш не гласал.

Груевски има надеж и од Врховниот суд на Јово Вангеловски каде се бара вонредно преиспитување на пресудата, но тоа не го одлага извршувањето на казната. Врховниот суд нема рок до кога треба да ја донесе одлуката.

За потсетување Врховниот суд веќе има донесено одлука за одложување на казната затвор за поранешниот премиерот Владо Бучковски за случајот „Тенковски делови“, кој беше осуден на три години затвор.

gruevskisobraniezatvor

Би можело да ве интересира

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Горан Наумовски16/02/2026 - 14:20

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Катерина Ѓуровски13/02/2026 - 16:40

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски11/02/2026 - 18:3511/02/2026 - 19:01

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Горан Наумовски23/01/2026 - 14:01

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

Горан Наумовски20/01/2026 - 12:26

Триесет дена притвор за осум лица по истрагата за штета од речиси 4,8 милиони евра на државниот буџет

Предраг Петровиќ16/01/2026 - 17:39
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен