Груевска Илиевска ќе биде дел од судечкиот совет за организаторите на 27 април

Од:

Основниот кривичен суд Скопје го прифати второто барање на судијата Владимир Туфекџиќ за изземање од судењето за организиторите на настаните од 27 април 2017 година во Собранието и на негово место ја назначи судијката Дијана Груевска Илиевска, која ќе го води предметот заедно со претседателот на судечкиот совет Иле Трпков.

Судот, како што денеска информира претседателот на Основниот кривичен суд Скопје Иван Џолев, “првото барање за изземање на судијата Туфекџиќ не било прифатено, но прифатено е второто барање во кое се посочува дека неговата ќерка Ивана била сослушана во својство на оштетена и поднела оштетно побарување.

Тој факт, посочи, првично не го знаевме, проверивме и добивме изјава од Обвинителството за организиран криминал и го усвоивме барањето за изземање”.

Во првиот случај барањето за изземање на судијата Туфекџиќ беше одбиено, меѓутоа се појавија други околности кои после соодветна проверка со Обвинителството за организиран криминал упатуваа дека новото барање за изземање е основано и е уважено.

За нов член на судечкиот совет е назначена судијката Дијана Груевска Илиевска.

“Таа е определена врз основа на три критериуми – стажот на судијата, да биде судија кој има искуство во Одделението за организиран криминал и членот 36 став 6 од Законот за крвична постапка”, изјави Џолев.

Би можело да ве интересира

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески

(ВИДЕО) Го спаси Села во собранието, одлежа шест години затвор: Алими денеска излезе на слобода

А1он

Прва пресуда од Стразбур за 27 април – Божиновска: Сакам правда, не пари

Анита Петровска Рајковиќ

Предметот „Организаторите за 27 април“ вратен во Кривичен суд, рочиштето одложено

Ана Ололовска

Група граѓани пред Собранието побара слобода за обвинетите за 27 април

Ана Ололовска

СДСМ: „27 април“ е најцрниот датум во историјата на македонската демократија