(ВИДЕО) Груби: ВМРО-ДПМНЕ треба први да го напишат името на партијата на албански јазик

Од:

Пратеникот Артан Груби од ДУИ по објавувањето на Законот за јазиците во „Службен весник“ вели дека нема да биде лесна неговата примена, но со добра волја на институциите ќе биде одлична. Груби вели дека први кои треба да стават натпис на албански јазик треба да е опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

„Нелегитимниот претседател во заминување, има уште два месеци во канцеларијата. Прочитајте ги законите, Уставот и Деловникот. Објавата на Законот за јазиците во „Службен весник“ е според законот. Сметаме дека Иванов и ВМРО-ДПМНЕ треба да се надминат и да бидат први кои ќе напишат ВМРО-ДПМНЕ и на албански јазик“, смета Груби.

Иако Законот за јазици е оспорен пред Уставниот суд, Груби вели дека тоа не ја одлага примената и тој мора да се почитува. За спроведувањето на Законот за јазиците ќе се формира и инспекторат.

„Сите чекори кои ВМРО-ДПМНЕ ги презема по 2016 година се погрешни и не се во интерес на државата и граѓаните. Тие не се поставија правилно за јазичната рамноправност, интеграциите во ЕУ и НАТО. Демократски е да ги изгубиш изборите исто како што ВМРО-ДПМНЕ ќе ги изгуби претседателските“, рече Груби коментирајќи ги постапките на ВМРО-ДПМНЕ.

ДУИ е против предвремени парламентарни избори, оти како што вели пратеникот Груби, има многу реформи за спроведување.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Адеми: Испишана е историја, во Општина Чашка ќе имаме градоначалник од Националната алијанса за интеграција

Горан Наумовски

Адеми: НАИ победи во прв круг во две општини Липково и Пласница

Адеми: Oвие избори ги сметаме за слободни, фер и демократски

Бајрам Реџепи: Тетово треба да биде инклузивна и отворена општина

А1он

Мицкоски: Едно од главните ветувања минатата кампања беше ДУИ во опозиција и ако продолжат вака нереформирани уште долго ќе останат таму