Груби-Велдман: Усвојување на законите за ЈО и за Советот на ЈО за почеток на преговорите оваа пролет

Од:

Најновите случувања во земјата, со акцент на претстојните парламентарни избори закажани за во април годинава, како и на досега реализираните реформи, кои од нас ги бара ЕУ биле теми на денешната средба во Собраниењто на РСМ на Комисијата за европски прашања чиј претседател е пратеникот Артан Груби, со делегацијата на Постојаната комисија за европски прашања на Холандскиот парламент, предводена од претседателот на Комисијата, Хајке Велдман.

Како што соопштија од оваа собраниска комисија, на средбата во контекст на темите Груби информирал за реализацијата на Охридскиот рамковен договор и на Преспанскиот договор, на Стратегијата за реформи во правосудниот систем, и за тоа дека во собраниска процедура се двата предлози на закони за Јавното обвинителство и за изменување и дополнување на Законот за Советот јавни обвинители. Тој, се посочувам изрази надеж дека Собранието ќе успее да ги донесе двете законски решенија до распуштањето на Парламентот, и дека тоа ќе резултира со добивање датум за почеток на преговорите на Советот во март или во мај оваа година.

Од холандска страна, се наведува, беше истакнато дека е важно овие два закона од областа на правосудството да се донесат што поскоро, со консензус, со цел да се направи чекор напред во борбата со корупцијата, што е многу важен критериум за земјите членки на ЕУ да дадат зелено светло за почеток на преговорите на Советот во Загреб оваа година.

Во дискусиите на членовите на Комисијата за европски прашања беше потврдена заедничката определба на сите политички партии за европската перспективата на земјата, и во тој контекст на нивната посветеност за реализација на европските реформи. Притоа, беа изразени и мислења за новата методологија за проширување на Европската комисија, со укажување дека станува збор за посложени механизми за зачленување на новите земји аспиранти, што ќе изискува и професионална и стручна администрација и експертска поддршка во процесот на преговорите. Заеднички беше искажана заложба за понатамошно работење на реформите во земјата, не само во законодавната сфера, туку и на нивна имплементација во праксата, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он