Груби: Транспарентноста и посветеноста на демократските вредности и понатаму ќе бидат главниот столб на секое мое дејствување

Од:

Како човек кој мојот јавен живот го посветив на заштита на западните демократски вредности и кој секогаш работев напорно за членството на земјата во НАТО и во Европската Унија, оваа одлука ме засега директно и лично, напиша на Фејсбук поранешниот Вицепремиер Артан Груби кој се најде на „црната листа“ на САД.

„Ќе се ангажирам со сета своја посветеност и максимално, заедно со нашите пријатели и партнери, со кои ја споделувавме визијата и работевме низ годините за интеграција на земјата во евроатлантските структури, целосно да го обелиме ова прашање. Транспарентноста и посветеноста на демократските вредности и понатаму ќе бидат главен столб на секое мое дејствување. Како човек кој мојот јавен живот го посвети на одбраната на западните демократски вредности и кој секогаш посветено работеше за членството на земјата во НАТО и во Европската Унија, оваа одлука ме засега директно и лично. Ќе се заложам со сета посветеност и максимално, заедно со сите наши пријатели и партнери, со кои ја споделувавме визијата и со години работевме за интеграција на земјата во евроатлантските структури, целосно да го разјасниме ова прашање. Транспарентноста и посветеноста на демократските вредности и понатаму ќе бидат главниот столб на секое мое дејствување“, напиша Груби.

Би можело да ве интересира

Со испитување на вештото лице Анита Поповска, продолжи судењето за „Државна лотарија“

Продолжува судскиот процес за „Државна лотарија“

Одложено e денешното рочиште за „Лотарија“, судењето продолжува на 11 ноември

Сведок на судењето за „Државна лотарија“: Како членови на УО требаше да се изјасниме за набавката на ВЛТ терминалите, за постапката дознав по нејзиното завршување

Одбраната на обвинетите во „Лотарија“ тврди набавката на ВЛТ-апаратите е потврдена со финансиските планови и планот за јавни набавки

Сведок на судењето за „Лотарија“: Управниот одбор не донел конкретна одлука за набавка на ВЛТ-терминалите