Груби-Томан: Преговорите со ЕУ да започнат на почетокот на 2022 година

Од:

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, денеска се сретна со амбасадорот на Чешка во земјава Мирослав Томан, при што било посочено дека поддршката од Чешка и другите земји членки на Европската Унија е многу важна за европските аспирации на Северна Македонија.

Груби ја побара директната поддршка од Чешка во декември за утврдување на датумот за одржување на првата Меѓувладина конференција со Европската Унија која ќе го одбележи почетокот на преговорите во првите месеци на 2022 година, соопшти Кабинетот на првиот вицепремиер.

Тој нагласи дека земјава треба да ги искористи искуствата на земјите членки на ЕУ за спроведување на реформите за членство во ЕУ и за креирање на подобри услови за живот на граѓаните.

На средбата се дискутираше дека Западен Балкан е еден од најголемите приоритети на коишто се фокусира Чешката Република во поглед на европските перспективи и дека ќе продолжи да дејствува во тој правец.

Груби и Томан се согласија дека потенцијалот за продолжување на соработката меѓу двете земји е голем.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Украина и Молдавија ќе почнат преговори пред Македонија: „Проширувањето на ЕУ е секогаш политичка одлука“

A1on

(ВИДЕО) Денков: Бугарија нема да го смени ставот кон Македонија, сега преговорите се помеѓу ЕУ и Скопје

A1on

Хакер: Влезот на Северна Македонија во ЕУ е во интерес на Германија и на Унијата

Ана Ололовска

Сослушување во американскиот Сенат за влезот на С. Македонија во ЕУ, и за Западен Балкан

Ана Ололовска

Вархеји оптимист во однос на можноста за членство во ЕУ до 2030

Ана Ололовска