Груби се сретна со бугарскиот амбасадор Ангелов: Историјата не треба да ја држи иднината во заложништво

Од:

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска во својот кабинет се сретна со амбасадорот на Република Бугарија во Скопје, Ангел Ангелов со кого разговарале, меѓу другото, и за добрососедските односи, кои се вредност за земјава, но и за регионот.

Како што соопштија од кабинетот на првиот вицепремиер, заедно, двајцата потврдија дека е потребна уште поголема посветеност во оваа насока со цел да се постигне уште поголемо приближување меѓу нашите две земји.

-Вицепремиерот Груби и амбасадорот Ангелов се согласија дека Договорот за добрососедство меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија постави одлични темели за понатамошна соработка во повеќе области, но и во приближувањето на двете земји во областа на културата и на двата народа, стои во сооптението.

На средбата, исто така, беше истакнато значењето на заедничкото претседателство со Берлинскиот процес за Западниот Балкан, процес преку кој се олеснуваат и унапредуваат конкретни чекори кон регионалниот економски развој, со што се овозможува полесно надминување на економската криза предизвикана од КОВИД-19.

Груби и Ангелов, се наведува, оценија дека затворањето на границите не е решение во борбата против пандемијата предизвикана од КОВИД-19, туку високата свест на граѓаните.

Во однос на спроведувањето на Договорот, Груби ги истакна заедничките регионални вредности и се фокусираше на европските вредности, наведувајќи дека историјата не смее да ја држи иднината во заложништво.

На крајот од состанокот, двајцата соговорници се согласија дека Република Северна Македонија и Република Бугарија ја продолжуваат својата заложба за зајакнување на соработката меѓу двете земји, соработка која ќе продолжи да се развива во позитивна насока и со желба да се надминат сите предизвици, соопштија од кабинетот на вицепремиерот Груби.

Би можело да ве интересира

Груби со куфер пред Општина Чаир побара оставка од албанската опозиција

Артан Груби имал две опомени за прекршување на етичкиот кодекс, Џафери ќе одлучува дали ќе го казни

Орце Костов

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа уцени, Груби и Ахмети сакаат вечно да владеат

Левица поднесе кривична пријава против Артан Груби за противправно стекнување и прикривање имот

Директорите на ДУИ за кои Меџити вчера кажа дека се на боледување, се „разболеле“ по директива на Груби

Александар Тодески

Стоилковски: Лотарија на дуото Груби- Бајрами за 13 месеци дава 19 милиони евра за апарати за коцкање