Груби – Предан: Словенија успешно ќе го заврши претседавањето со ЕУ за Северна Македонија

Од:

Првиот вицепремиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, г. Артан Груби денес се сретна и со амбасадорот на Република Словенија, г. Милан Предан.

Спорот со Бугарија и неговото решавање беше дел од разговорот меѓу Груби и Предан, при што беше истакната потребата што поскоро да се одреди датум за разговори со Европската унија, бидејќи патот на Република Северна Македонија кон ЕУ е од посебна важност.

На средбата беше истакнато дека двете земји имаат долга соработка меѓу нив и дека Северна Македонија во Словенија секогаш има искрен поддржувач како близок партнер и членка на НАТО, додека земјата заслужува датум за почеток на преговорите на почетокот на следната година.

Груби и Предан разговараа за тоа како успешно да се заокружи словенечкото претседавање со Советот на Европската Унија за Република Северна Македонија и Албанија на патот кон ЕУ во однос на одредување датум за првата меѓувладина конференција и започнување преговори во следните месеци.

Соговорниците разговараа и за стабилизирањето на парламентарното мнозинство и настапот на владината коалиција како позитивен развој во однос на кредибилитетот на спроведувањето на владината програма и стратешките цели.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Украина и Молдавија ќе почнат преговори пред Македонија: „Проширувањето на ЕУ е секогаш политичка одлука“

A1on

(ВИДЕО) Денков: Бугарија нема да го смени ставот кон Македонија, сега преговорите се помеѓу ЕУ и Скопје

A1on

Хакер: Влезот на Северна Македонија во ЕУ е во интерес на Германија и на Унијата

Ана Ололовска

Сослушување во американскиот Сенат за влезот на С. Македонија во ЕУ, и за Западен Балкан

Ана Ололовска

Вархеји оптимист во однос на можноста за членство во ЕУ до 2030

Ана Ололовска