Груби: Помалубројните заедници не се доволно застапени во јавната администрација

Од:

Правичната застапеност на помалите заедници во Северна Македонија не доволно реализирана, оцени првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедници Артан Груби на теркалезната маса по повод 20-годишнината на Охридскиот договор на тема „Важноста на Рамковниот договор за помалубројните заедници”, додавајќи дека не е доволно направено за нивната адекватна застапеност во јавната администрација.

– Тоа мора да се унапреди затоа во послендните неколку месеци имам блиска соработка со Агенцијата за остварување на правата на заедниците и се надевам дека ќе успееме да ја поправиме таа слика. Во однос на употребата на јазикот сметам дека има голем напредок затоа што повеќето јазици на помалите заедници се официјални јазици во неколку општини. Истото се однесува и на симболите и културните особености. Но, во однос на правичната застапеност ќе треба да се направи многу повеќе, рече Груби.

Воедно, првиот вицепремиер збореше и за реорганизациајта на органите на државната управа, при што истакна дека се зборува за намалување на бројноста во институциите за над 20 отсто, со тоа што некои ќе се спојат, а други кои е утврдено дека нема потреба да функционираат понатаму, ќе бидат укинати.

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, според најавите на Груби, ќе се зајакне со вклучување и на Комисијата за верски односи, со Агенцијата за млади и спорт, со Агенцијата за остварување на правата на немнозинските заедници и со други институции.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Огномет, факели и еуфорија за Артан Груби кој излезе од домашен притвор

Левица: Груби излегува од куќен притвор – дилот меѓу ДПМНЕ и ДУИ за „Бехтел и Енка” си тече!

Заврши куќниот притвор на Артан Груби

Катерина Ѓуровски

Сведок во случајот „Државна Лотарија“: ВЛТ апаратите никогаш не беа пуштени во употреба!

А1он

На Груби куќниот притвор му завршува за една недела, приложи гаранција од 335.707 евра за укинување на дополнителните мерки

Првиот сведок на Обвинителството сведочеше контра обвинението во случајот „Државна лотарија“