Груби: Обвинителството да не подлегнува под политички притисоци

Од:

Пратеникот на ДУИ, Артан Груби даде исказ во Обвинителството за настаните од „крвавиот четврток“. Тој рече дека одговорил на сите прашања и ги повика и другите пратеници кои биле нападнати да го сторат истото и да дадат придонес во расветлувањето на случајот.

– Го повикувам Обвинителството да не подлегнува на политички притисоци, да го истурка случајот до крај, а осомничените од толпата да ја добијат заслужената казна, рече Груби.

На новинарско прашање зошто се поздравува со дел од луѓето од толпата, тој рече дека тоа се ординарни глупости и шпекулации затоа што е нападнат како и другите. Додаде дека и Шеќеринска и Заев ги знаеле напаѓачите, но, сепак, ги нападнале.

Груби уште еднаш повтори дека проценката Али Ахмети да не биде во Собрание била да се спречи меѓуетнички конфликт.

Според него, извесно било дека ќе го нападнеле Ахмети, за што имале дојава од безбедносните служби. Пред Обвинителство денеска исказ ќе даде и пратеничката Шпреса Хадри, исто така од ДУИ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: За првпат од 1995 година нема примен ниту еден албански кадет во Воената академија

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад

ВИДЕО: Голема прослава на ДУИ за победата во Брвеница

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата