Груби: Европската унија не е цела без нас

Од:

За да стане Европа комплетна, потребна е интеграција на шесте земји од Западен Балкан, рече претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, Артан Груби, на конференцијата на Претседателите на Комисиите за Европски Прашања на земјите членки и земјите кандидати за членство во Европската Унија во Софија, Република Бугарија.

“Ние, земјите на Западен Балкан инвестиравме надеж во претседавањето на Бугарија и посебно нивниот приоритет за проширување на Европската Унија со земијте од Југоисточна Европа, а посебно и заедно со следните претседавачи Австрија и Романија, ќе ни се овозможи конретна ЕУ перспектива.

Очекуваме позитивна, конкретна и афирмативна стратегија од Јункер, безулсовна препорака и позитивен извештај како и датум за преговори кој што го очекуваме од 2005 година со кандидатскиот статус и од 2009 со првата препорака за отпочнување на преговори. Истотака, имајќи во предвид дека повеќето од вас се и земји члени на НАТО, очекуваме ваша поддршка и на самитот на алијансата во Јули во Брисел“ истакна Груби.

„За да го постигнеме тоа кон што се стремиме, ние сме целосно посветени на реформите во владеењето на правото и конкретно испорачуваме, го заокурживме нормативниот дел од Охридскиот Договор како и го ратификуваме добрососедскиот договор со Република Бугарија како и го интензивираме дијалогот со Грција кон конечно решение.

Бараме конкретни дела од вас, Комисијата, земјите членки како и да ја гледаме повеќе Европа на Западен Балкан отколку Русија“ посочи Груби.

За време на посетата на Софија, Груби оствари средби со своите колеги од регионот, со колегите од националните парламенти на земјите членки на Европската Унија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски

Мерц: „Не може проблемите на 21 век да се решаваат со буџет од 20 век“

Денеска истекува флексибилната примена на ЕЕС: Се очекуваат нови гужви на границите со ЕУ

Македонците се послаби од европјаните – во ЕУ 16,3% од луѓето се дебели, во Македонија 15,4 %

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: Да нема забуна – Европа е нападната

Мaѓар: Будимпешта не поддржува забрзан прием на ниту една земја во ЕУ