Груби е за отворање на сите гранични премини кон Косово и слободно движење без ПЦР тестови

Од:

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби денеска се сретна со министерот за здравство на Косово, Арменд Земај, при што разговарале за состојбата со епидемијата предизвикана од КОВИД-19 во Македонија и Косово, како и за најдобрите и најефикасните начини за справување со неа.

Груби и Земај разговарале и за важноста на отворањето на граничните премини меѓу државава и Косово, одлука за која се сложиле дека ќе им помогне на економиите на двете земји.

„Груби на министерот Земај му истакна дека тој лично е за отворање на сите гранични премини, заради слободното движење, и истото да се спроведе според моделот што го користат Република Албанија и Република Косово, преку слободно движење без да се бараат ПЦР тестови,“ се вели во соопштението од кабинетот на првиот вицепремиер.

Би можело да ве интересира

Продолжен e домашниот притвор за Артан Груби

А1он

Убиство на Косово – го застрела својот брат во гениталии, искрвари на пат кон болница

А1он

Османи го распушти Собранието, Косово оди на избори

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Безбедносна процена или политичка одлука – Кузеска со критики за случајот Груби

Горан Наумовски

По повикот од Филков, се огласи Советот на јавни обвинители за случајот Груби

Горан Наумовски

Вреди: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?