Груби: ДУИ се залага за прецизно и побрзо спроведување на договорот од Пржино

Од:

ДУИ се залага за прецизно и што побрзо спроведување на обврските на договорот од Пржино, истакнал Артана Груби, пратеник и шеф на кабинетот на лидерот на партијата, на денешната средба со новоименуваната австриска амбасадорка Ренате Коблер.

На средбата, како што информира ДУИ, Груби нагласил дека страните се блиску до договор, но оти треба храброст и одлучност од страна на македонските партии за да се изгради еднаков и сигурен систем за сите.

Груби ја запознал амбасадорката Коблер со ставовите на ДУИ во врска со гласањето на дијаспората, составот и одлучувањето во Државната изборна комисија, чистењето на избирачкиот список, жалбените постапки….

ДУИ, како што се наведува во соопштението, ја смета дијаспората за многу важен дел од општеството и  затоа се ангажира таа да гласа по пошта за шестте постоечките изборни единици во земјата. Другата опција останува еднаквоста на гласот во дијаспората како што треба да се гарантира во согласност со препораките на ОДИХР и Венецијанската комисија.

Во врска со ДИК, Груби нагласил дека е постигнат квалитативен раст од над 33 проценти на албанската застапеност во ова раководно тело и оти се разговара за начинот на консензуално донесување одлуки со цел да се избегне надгласување по етничка основа. Заедниците, како што рекол, ќе имаат механизми за спречување мајоризација во ДИК.

Што се однесува на регистарот на гласачите, Груби информирал дека ризикот од отуѓување на десетици илјади граѓани преку активна регистрација на гласачите е избегнат и оти правото на глас нема да му се одзема на ниту еден граѓанин. Списокот ќе биде исчистен со административни методи и теренски проверки.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Кредит од 40 милиони евра – моноетничка инвестиција што ги дискриминира албанските ученици и студенти

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за урнисана меѓународна позиција на земјава

ДУИ уверува: Нема отстапки од правото и борбата против корупцијата

Вреди: ДУИ игра опасна игра со безбедноста на граѓаните

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он