(ВИДЕО) Груби: Дојдов да ја пофалам владата, ама не ја гледам во салата

Од:

Пратеникот од ДУИ Артан Груби ја повика опозицијата да гласа ЗА изборот на новите министри. Тој побара поддршка бидејќи според него целта не е само за проширување на мнозинство туку широка коалиција за евроатлантска Македонија.

-Тука зборуваме за името, за рејтинзите, за кожарство дури, само за тоа што треба не. Оваа Влада се роди на едни од најтешките избори.Во овие месеци владата успеа да ја врати довербата на граѓаните. Се вративме на трасата за ЕУ и НАТО. Ги усвои сите реформски приоритети. Бугарија стана наш најдобар адвокат за ЕУ по договорот со Бугарија. А се надевам наскоро ќе стане и Грција. Да дадеме поддршка за овие министри. Ова е коалиција на апсолутно сите партии за евроатлантска Македонија“, рече Груби, кој го искритикува Заев што беа празни столчињата на местата предвидени за министрите, на што реагираше Џафери дека доволно е присуството на премиерот, бидејќи е негов предлогот за нови министри.

Од опозицијата реагираа дека реконструкцијата е само козметичка.

-Ја испофаливте владата но не заборавајте дека наша должност е да укажуваме на грешките. Зошто оставките не ги образложат министрите, што сработиле. Тоа е отчетност и транспарентност. Оваа влада е ЌЕ влада. Да се направи реконструкција кај што нема резултати, а не за зголемување на парламенатарното мнозинство“ реплицираше Зоран Илиоски.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: Реформата на ДУИ почнува и завршува со Блерим Беџети

Владата го усвои Предлог буџетот за 2026 година, економски раст од 3,8 отсто, инфлација 2,5 отсто

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Адеми: Испишана е историја, во Општина Чашка ќе имаме градоначалник од Националната алијанса за интеграција

Горан Наумовски

Адеми: НАИ победи во прв круг во две општини Липково и Пласница

Адеми: Oвие избори ги сметаме за слободни, фер и демократски