Груби: Да се даде простор на целиот процес да излезе вистината на виделина

Од:

Владеењето на правото е предуслов за една демократска Република Македонија кон која што сите стремиме заеднички и вие како медиуми и ние како политичари и целото општество воопшто. Сметам дека треба да се даде простор на целиот процес да излезе вистината на виделина, да веруваме во институциите секако со почит кон сите институции, изјави пратеникот од ДУИ Артан Груби во врска со денешните настани и приведувањата на неколку пратеници.

За тоа, како што рече Груби, дали смее да се апсат пратеници треба да се произнесе претседателот на Собранието и претседателот на Комисијата за деловничко и мандатно имунитетни прашања.

– Штом ќе се извести Собранието претпоставувам дека собраниските тела ќе се состанат за да проценат како да се продолжи понатаму, рече Груби по денешната свеченост по повод Денот на албанското знаме – 28 Ноември.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата