Грповски: Годинава намален бројот на случаи кои не можат да се лекуваат во Македонија

Од:

Бројот на случаи кои не можат да се лекуваат во Македонија годинава е намален. До Фондот за здравствено осигурување се доставени осум барања наспроти 15 минатата година. Од осумте барања пет се позитивни, три се негативни бидејќи интервенциите може да се извршат во Македонија, а еден од нив е со некомплетна документација. Ова денеска на прес-конференција го истакна директорот на Фондот, Јован Грповски.

Секогаш кога имаме барање за лекување во странство, посочи тој, ние прво го доставуваме до оние болници со кои имаме склучено рамковни договори како што се „Систина“, „Филип Втори“, Европската очна болница и „Ремедика“. Грповски појасни дека доколку тие болници се произнесат дека може да го извршат тоа лекување, тогаш пациентот го упатуваат таму, а партиципацијата изнесува најмногу 12.000 денари.

– Лекувањето во странство се остварува врз основа на конзилијарно мислење од соодветната Клиника и потоа за него решаваат комисиите формирани за ФЗОМ. Од 1 јануари наместо 20 отсто партиципација за лекување во странство, осигуреникот плаќа најмногу 12 илјади денари, а се останато оди на товар на Фондот. Од 2007 до 2012 година особено од 2009 година наваму имаме тренд на опаѓање на вкупниот број лекувања во странство. Тоа значи дека нашиот здравствен систем зајакнува и се повеќе може да одговори на барањата на осигурениците и тој тренд и натаму продолжува, рече Грповски.

Во однос на пресекот по дијагностики – до 2011 година, нагласи тој, најмногу пациенти во странство се испраќале за хирургија на очи, за детска кардиохирургија, неврохирургија итн.

– Она што тука не се прави е неонаталната кардиохирургија за деца до деветмесечна возраст. Во 2013 година предвидуваме повеќе средства бидејќи партиципацијата на осигуреникот е сериозно намалена. Иако очекуваме како број на интервенции да се намалат, сепак сме должни како финансиска инстутиција тоа да го подготвиме, посочи Грповски.

Истакна дека во 2012 година 44 отсто од трошокот е даден на 10 случаи кои се скапи интервенции односно над 100 илјади евра, а девет отсто од вкупниот буџет е даден на 156 интервенции кои се до 10 илјади евра, а кои не можеле да се извршат во Македонија.

Вториот директор на Фондот, Џемали Мехази рече дека трендот оди кон тоа, во странство на лекување да одат најтешките случаи за кои не можат да се извршат интервенции во Македонија.

Би можело да ве интересира

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски

Вработувањата на 1.117 лица во здравството не се предизборни, тие веќе работат по клиниките, тврди Ковачевски

Орце Костов