ГРОМ бара договорот со Бугарија да се стави на увид на јавноста

Од:

Граѓанската опција за Македонија денеска на прес-конференција побара договорот за добрососедство со Бугарија веднаш да се стави на увид на јавноста и да се отвори дебата за него.

Потпретседателот на партијата Љупчо Пренџов рече дека договорот е прашање кое треба да се стави на референдумско изјаснување на граѓаните во октомври заедно со локалните избори.

– Оваа Влада ветуваше дека ќе работи транспарентно и дека за сите прашања ќе се отвораат општествени дебати. Вчера, премиерот Заев пред очите на целата македонска јавност побара затворена седница на комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија. Господине Заев, ниту 45 дена не можевте да издржите- лагата е посилна од вас. Сакате нетранспарентно и далеку од очите на јавноста да разговарате и потпишувате договори кои задираат во македонските национални интереси, рече Пренџов.

Тој додаде дека Бугарите на 5 јули го доставиле договорот пред пратениците во бугарското Собрание.

Би можело да ве интересира

МНР: Бугарското МНР наместо партнер, сѐ почесто настапува како рецензент на македонските политичари

Шок во Бугарија: Радев даде оставка

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

Колона возила кај граничниот премин Делчево поради електронска проверка на патници без ЕУ пасоши

Бугарија: Акцискиот план за заедниците во Македонија не треба да биде спор поради јазикот на документот

Од денеска во Бугарија се плаќа во евра