ГРОМ: Академиците да се изјаснат за навредите од Димитров

Од:

Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ ги прашува академиците зошто два дена молчат и дали се точни обвинувањата на бугарскиот министер Божидар Димитров, задолжен за Бугарите во странство, дека македонските академици се уплашени, уценети и лесно поткупливи.

– Чекавме да видиме дали тие на кои е упатено невиденото омаловажување од Божидар Димитров ќе реагираат на неговите навреди. Тој вели дека МАНУ се откажала да се изјасни против потпишување на договор за добрососедство со Бугарија, а академиците се луѓе кои сакаат да живеат и да примаат плати, кои знаат дека Зоран Заев ќе ги избрка од работа ако тргнат против него и затоа велат да. Тие се луѓе на кои ќе им дадеш пари и за возврат ќе се пишат Бугари, тоа е многу стара македонска практика. Никој досега нема кажано вакви навредливи зборови за една важна македонска институција и за луѓето во неа. Изјаснете се дали е точно ова што го зборува Димитров, беше посочено на денешната прес-конференција на ГРОМ.

Беше нагласено дека постојано ќе ги прозиваат академиците да се произнесат за обвинувањата, бидејќи трошат народни пари и сносат голема одговорност.

Од ГРОМ потсетија дека Димитров изјави дека со новиот договор за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија ќе престане кражбата на бугарската историја и Македонците ќе се откажат од досега украдената историја.

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

Колона возила кај граничниот премин Делчево поради електронска проверка на патници без ЕУ пасоши

Бугарија: Акцискиот план за заедниците во Македонија не треба да биде спор поради јазикот на документот

Од денеска во Бугарија се плаќа во евра

Муцунски: Сакаме да постигнеме достоинствено и соодветно решение со нашиот сосед Бугарија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се степаа пратениците во бугарскиот парламент