Грковска: Судиите и обвинителите мислат дека се политичари, одлуките ги носат врз основа на политичка проценка

Од:

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска изразила резерва на седницата на Влада во однос на некои членови од измените на Кривичниот законик поради реакциите во јавноста дека тие ќе се ефектуираат на актуелни случаи и ќе ги амнестираат од одговорност некои политичари за кои се водат судски постапки за злоупотреба на службена должност и за злосторничко здружување.

– Повторно доаѓаме до прашањето на ефикасноста на правосудниот систем затоа што и со сегашните решенија имаме ситуација одредени случаи да застарат посебно кога се работи за политичари. Ја следам реакцијата на професионалната јавност дека не секогаш висината на казната е најдобриот механизам за преземање мерки, но некогаш имам впечаток дека обвинителите и судите дека се ставаат во поголема улога од политичарите. Прават политичка проценка пред да донесат одредена одлука. Свесни сме дека имате по девет месеци чување на предмети во фиока
– рече Грковска и повика на правосудниот систем ефикасно и непристрасно да си ја заврши својата работа.

Околу наводната злоупотреба на европското знаменце во одредени ситуации, вицепремиерката вели дека е лоша пракса и дека се уште стои на истиот став од претходно.

Би можело да ве интересира

„Разговори за иднината во 12:05“ бара незастарливост на конфискацијата на имот стекнат со политичка корупција

Катерина Ѓуровски

Измените на Кривичниот законик треба да ги надминат последиците од решенијата на СДСМ и ДУИ, нема да важат ретроактивно

Катерина Ѓуровски

Министерство за правда: По 30 години нов Кривичен законик

Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција

Здружението на судиите: Судството е доведено до работ на функционалниот опстанок

Во ЕУ има 15,7 судии на 100.000 жители, а во Македонија 20,1