Грковска: Судиите и обвинителите мислат дека се политичари, одлуките ги носат врз основа на политичка проценка

Од:

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска изразила резерва на седницата на Влада во однос на некои членови од измените на Кривичниот законик поради реакциите во јавноста дека тие ќе се ефектуираат на актуелни случаи и ќе ги амнестираат од одговорност некои политичари за кои се водат судски постапки за злоупотреба на службена должност и за злосторничко здружување.

– Повторно доаѓаме до прашањето на ефикасноста на правосудниот систем затоа што и со сегашните решенија имаме ситуација одредени случаи да застарат посебно кога се работи за политичари. Ја следам реакцијата на професионалната јавност дека не секогаш висината на казната е најдобриот механизам за преземање мерки, но некогаш имам впечаток дека обвинителите и судите дека се ставаат во поголема улога од политичарите. Прават политичка проценка пред да донесат одредена одлука. Свесни сме дека имате по девет месеци чување на предмети во фиока
– рече Грковска и повика на правосудниот систем ефикасно и непристрасно да си ја заврши својата работа.

Околу наводната злоупотреба на европското знаменце во одредени ситуации, вицепремиерката вели дека е лоша пракса и дека се уште стои на истиот став од претходно.

Би можело да ве интересира

Левица: Измените на Кривичниот законик се скандалозни, Уставниот суд да реагира

Сиљановска-Давкова: Измените во КЗ важат до донесување на новиот Кривичен законик

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

СДСМ: Имотот стекнат со криминал мора да се конфискува без разлика кога е украден

Горан Наумовски

Левица: Бараме казни за корупцијата, а не прикриени амнестии за функционерите

Експертите со поделени ставови за предлог-измените на Кривичниот законик