Грејната сезона почнува на 15 октомври, Регулаторна апелира да се платат сметките и да се проверат инсталациите

Од:

Грејната сезона во Скопје за сите приклучени на мрежата за централно греење ќе почне на 15 октомври 2024 година, со исти услови како и претходно, односно со загарантирана температура од 21 степен Целзиусов и греење во периодот од 6:00 до 22:00 часот.

Како што информира денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ), доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 степени, тогаш грејната сезона може најрано да почне од 1 октомври и да заврши најдоцна до 30 април.

РКЕ апелира до станарите, односно заедниците на станари да ги проверат внатрешните инсталации и инсталациите во објектите и да ги подмират сметките за електрична енергија за топлинските потстаници. Во исто време РКЕ, како што се наведува, и со официјален писмен допис побара од снабдувачите со топлинска енергија информација за спремност за старт на грејната сезона.

– Согласно последната одлука од 1 август 2024, сметките за топлинска енергија за домаќинствата се пониски за 3,16 отсто, додека околу 1200 фирми, училиштата и институции кои се приклучени на централното градско греење ќе имаат пониска цена за 17 отсто, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Поскапува струјата, Регулаторна ги соопшти новите цени

Катерина Ѓуровски

Парното поскапува на 1 декември за околу 130 денари

Горан Наумовски

РКЕ не очекува било какви поместувања на цената во делот на преносот и дистрибуцијата на електричната енергија

ЕСМ: Од 15 октомври официјално почнува грејната сезона

Горан Наумовски

РКЕ ги издаде првите лиценци за батериски систем за складирање електрична енергија од обновливи извори

ЕСМ: Поради ниските температури, од утре стартува грејната сезона

Горан Наумовски