Грејната сезона на прагот – колку се сигурни оџаците

Од:

Бројот на домаќинства кои ги осигурале своите домови во Македонија изнесува меѓу осум и 10 проценти, но интересот расте. Во овој период од годината, карактеристичен по големиот број ризици за домаќинствата, активни се и осигурителните компании со новите понуди за осигурување на домот и покуќнината.

Понудите се разновидни и ги опфаќаат ризиците пожар, кражба, поплава, земјотрес, штета кон соседите. Пакетот „Премиум“ на Винер Осигурување, кој ги опфаќа сите овие ризици, чини 1998 денари годишно за просечен трисобен стан. Од Компанијата посочуваат дека новиот пакет е целосно креиран според потребите и можностите на граѓаните, нудејќи им комплетна заштита по мошне достапна цена.

Статистичките податоци покажуваат дека во минатата година се пријавени 1.079 пожари од кои половината се случиле во куќи или згради. Ризикот од пожар е особено голем во грејната сезона која е веќе на прагот, а домаќинствата имаат обврска сами да се грижат за оџаците. Со најголеми проблеми се соочуваат зградите кои порано не ги користеле оџаците, бидејќи се затоплувале на парно, а сега се пренасочени на цврсти горива.

Достапните податоци покажуваат дека во Македонија најголемиот дел од домаќинствата се греат на дрва или електрична енергија.

Би можело да ве интересира

„Нема да ви пишеме казна, ама ќе ви ги земеме дрвата“ – уапсени вработени во Национални шуми

Анита Петровска Рајковиќ

Фалсификувал дозволи за сечење дрва – наплаќал по 200 евра од камион

Анита Петровска Рајковиќ

Кумановка измамена при набавка на огревно дрво

Нелегална сеча на дрвја во Националниот парк „Пелистер“

Ана Ололовска

Герила акција – Скопските дрвја во синџири

Георгиев: ЈП „Македонски шуми“ за две недели ќе ги испорача и последните количества огревно дрво

Наум Локоски