Грците најбројни туристи, Скопје најпосетено

Од:

Туристите од Грција се најбројните гости во март годинава што престојувале во Македонија. По нив следат туристите од Србија и Турција, а меѓу дестинациите каде биле најбројни туристите е Скопје.

Според податоците на Државниот завод за статистика, од Грција бројот на туристи изнесува 5.019, од Србија 2.615 и од Турција 2.578. Скопје, како што покажуваат податоците, го посетиле 11.158 туристи.

Бројот на туристи во март во земјава изнесува 34.495 и во однос на март лани бележи пораст од 7,5 проценти. Пораст од 18,4 отсто е забележан кај странските туристи, а кај домашните има намалување за 8,8 отсто.

Бројот, пак, на ноќевањата изнесува 73.241 и бележи пораст од 10,2 отсто. Кај домашните туристи има намалување на ноќевањата за 4,5 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи бележи зголемување за 22,6 отсто.

Раст на бројот на туристи од 2,8 отсто е забележан и во првите три месеци од годинава, при што кај домашните има намалување за 1,5 отсто, а кај странските зголемување за 3,5 отсто.

Во периодот јануари- март 2013 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 4,3 отсто при што кај домашните туристи има зголемување за 1,4 отсто, а кај странските има зголемување за 6,9 отсто.

Би можело да ве интересира

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски