Грција со критики за кредитната картичка на ОМД со Александар Велики

Од:

Организацијата Обединета македонска дијаспора навлезе и во пазарот на финансиски услуги и лансира своја кредитна картичка „Виза Платинум картичка за награди“, јавуваат грчките медиуми.

„Според ОМД, приходите од кредитната картичка, на која има портрет на Александар Велики,  ќе се користат за различни цели, образовни и добротворни програми на ОМД воспоставени со цел да се зајакне единството меѓу македонскиот народ и за поддршка на нивната кауза“, пишува весникот на Грците во Австралија „Неос Космос“ чија информација ја пренесуваат медиумите во Грција.

Меѓу другите бенефиции, картичката нуди пристап до интернет банкарство, изнајмување возила и патничко осигурување. Сопствениците на картичката, кои можат да добијат наградни поени за купување кај некои трговци на мало, се поканети „да покажат поддршка и гордост за Обединетата македонска дијаспора со избирање на еден од дизајните на картичката“, пишува „Неос Космос“.

Коментирајќи го овој потег на ОМД и употребата на сликата на Александар Велики, Питер Јасонидес од Австралискиот Грчки Совет, кој е највисокото репрезентативно тело на грчката заедница во Австралија, изјавил дека тоа е „уште една провокација“.

„Јас сметам дека тие треба да го трошат своето време на сопствена едукација за историјата и за своите корени, а не на залажување самите себеси. Тие не треба да се срамат од своето културно наследство.  Треба да го прифатат“, изјавил Јасонидес за „Неос Космос“.

Австралискиот Грчки Совет најверојатно ќе поднесе формална жалба до „Виза“ поради употребата на сликата на Александар Велики.

За медиумите во Грција „ова е уште еден обид за фалсификување на историјата“, „сериозен предизвик од Скопје“, а информативниот портал „ЊузНау“ ја повикува грчката Влада да се обрати до меѓународен суд за да го откаже издавањето на кредитната картичка.

Би можело да ве интересира

Мицкоски со дијаспората во Њујорк: Вие сте нашата жива и постојана врска со светот

A1on

Дијаспората ќе гласа само за претседател, нема доволно пријави за изборите на пратеници

Катерина Ѓуровски

Дијаспората незаинтересирана за гласање во Македонија: Досега пристигнати 209 пријави

Османи: Има паника кај граѓани во дијаспората дека после 12 февруари ќе ги загубат работните места и дозволите за престој

A1on

Успешните од дијаспората да напишат мотивациско писмо зошто сакаат брза лента на аеродромите – Османи повторно дели МКарта

A1on

Македонската дијаспора од ЕУ во 2021 година во Македонија испратила 325 милиони евра

Горан Наумовски